Huawei почна во Европа да го нуди првиот член на P40 серијата телефони, почнувајќи од пазарот во Шпанија. Huawei P40 Lite од средниот сегмент е сега достапен, а практично е идентичен на Huawei Nova 6 SE моделот, кој се нуди на пазарот во Кина.

Huawei P40 Lite има Kirin 810 чипсет и EMUI 10 заснован на Android 10, но без поддршка за Google Services. Телефонот има 6GB RAM и 128GB простор за складирање, кое е можно да се прошири преку NM картичка. Дисплејот е 6.4-инчен LCD со FullHD+ резолуција и punch-hole отвор во горниот лев агол.

На задната страна на смартфонот се наоѓа системот со четити камери и LED блиц. Тука се и 48MP главен сензор, 8MP ултраширок, како и доделениот макро и сензор за длабочина. Селфи камерата е од 16MP и има f/2.0 отвор на бленда.

Батеријата со капацитет 4200mAh поддржува 40W полнење преку USB-C порт. Телефонот има 3.5mm приклучок, додека сензорот за отпечаток од прст е сместен од страна на рамката, во копчето за вклучување.

Цената на Huawei P40 Lite изнесува 299 евра, а испораката се очекува од 7. март, за оние кои ќе го преднарачаат телефонот од 2. март преку Huawei продавницата. Во малопродажба телефонот ќе се најде од 16. март.