Овие наводи би можеле да ја прошират дефиницијата за „животно“
Мислите дека на сите животни им е потребен кислород за живот, зарем нe? Тоа е всушност погрешно – тим истражувачи неодамна открил единствен организам кој не мора да дише. Наместо тоа, малиот паразит живее во ткивото на лососот и се развива така што не му треба кислород за производство на енергија.
Стивен Аткинсон е коавтор на текстот за револуционерниот организам кој е составен од помалку од 10 клетки и кој се нарекува „Henneguya salminicola”.
„Кога мислиме на “животни”, ние мислиме на повеќеклеточни суштества на кои им е потребен кислород за да преживеат, за разлика од многу едноклеточни организми вклучувајќи протисти и бактерии”, изјавил Аткинсон за CNN.
Researchers just discovered a unique organism that doesn't need to breathe. Instead, the tiny parasite lives in salmon tissue and evolved so that it doesn't need oxygen to produce energy. https://t.co/R3BsZYb6nA
— CNN International (@cnni) February 26, 2020
„Во својот труд покажавме дека постои барем едно повеќеклеточно животно кое нема генетски алат за употреба на кислород”.
„H. salminicola” е жаркач кој припаѓа на истиот тип како и коралите, медузите и анемоните. Тој живее во внатрешноста на лососот и ги “краде готовите хранливи материи” од него, наместо директно да троши кислород.
Организмот формира мали бели цисти во мускулите на лососот, но тој веројатно не им штети на рибите и не може да ги зарази луѓето, велат истражувачите.
Но, во внатрешноста на рибата каде што живее воглавно е лишен од кислород, така што паразитот преживува без него. Прилагоден е така што во целост го испушта својот митохондриски ген. Митохондриите ја претвораат храната во енергија кај повеќето организми.
„Губејќи го генот, паразитот штеди енергија така што повеќе не мора да ги копира гените за работите кои повеќе не му се потребни”, рекол Аткинсон.
Истражувачите сè уште не знаат со сигурност на што се ослонува паразитот наместо кислород, но коавторот вели дека се претпоставува дека ги апсорбира молекулите на својот домаќин кои веќе произвеле енергија.
Извор: Telegraf.rs