Претходно имаше многу компании кои креираа паметни телефони со заменливи батерии. Тоа значеше дека во случај батеријата да ослаби и повеќе да не држи како што би требало, беше доволно да купите нова и да ја замените.
Наспроти денешниот дизајн на паметни телефони, каде ако батеријата не работи, можете да отидете да ви ја заменат, но тоа може да биде скапо. Корисниците, наместо тоа, се охрабруваат да купат нов смартфон. Меѓутоа, тоа не е она што го сака ЕУ, бидејќи според наводно протечениот документ на Европската унија, сакаат да се вратат заменливите батерии.
Новото правило веќе следниот месец?
Се очекува дека ЕУ ќе разговара за можностите тоа да се воведе како обврзно веќе следниот месец, што доколку се донесе законот, би можело да ги натера компаниите да почнат со изработка на телефони со батерии, кои корисниците би можеле лесно да ги заменат. Ова не е лоша идеја, бидејќи би можела да помогне во намалување на електронскиот отпад, иако веројатно многу компании нема да бидат премногу воодушевени.
Ова не е прв пат ЕУ да се занимава со елекронскиот отпад во индустријата на паметни телефони. Не така одамна, ЕУ сакаше да направи сите смартфони да користат ист полнач, што во основа би го присилило Apple да се префрли од Lightning на нешто малку пораспространетиот како што е USB-C.