Компанијата Samsung произведе 2,5-инчен SSD наречен PM1643, со капацитет од 30,72 TB. Уредот исто така вклучува DDR4 RAM од 40 GB.

Новиот уред има девет флеш контролори кои придвижуваат 32 NAND флеш пакети од по 1 терабајт.

Секој пакет содржи 16 слоеви V-NAND мемориски чипови од по 512 GB, со три бита по ќелија, објави Ars Technica.

РАМ-oт исто така доаѓа во необичен облик – чиповите од 8 GB се поставени вертикално по пат на Through Silicon Vias (TSVs) технологија, а доаѓаат во вид на 10 пакети од по 4GB.

Новиот SSD користи 12GB/s Serial Attached SCSI интерфејс. Samsung тврди дека може да достигне брзина на читање на податоци од 2,100 MB/s и брзина на запишување на податоци од 1,700MB/s.

Уште нема информации за цената и достапноста на овој уред. Samsung наведува и дека освен единици од 30 TB, ќе има достапни верзии и од 15,36 TB, 7,68TB, 3,84 TB, 1,92 TB, 960 GB и 800 GB.