Samsung го официјализира својот прв уред од Galaxy M серијата за 2020. година – Galaxy M31. Телефонот е наследник на минатогодишните M30 и M30s модели, а пристигнува со подобрени камери, Android 10 и голема батерија од 6000mAh.
Телефонот има 6.4-инчен FHD+ SuperAMOLED дисплеј, со 19,5:9 однос на страници и засек во облик на капка, во кој е сместена 16MP селфи камера.
На задната страна се наоѓа систем со четири камери. Главната камера има 64MP сензор со Samsung Tetracell pixel binning функцијата, која овозможува фотографии од 16MP. Тука се и 8MP ултраширока камера, 5MP макро и сензор за длабочина. На задната страна е сместен и сензор за отпечатоци од прсти.
Samsung Galaxy M31 го покренува Exynos 9611 чипсет, во комбинација со 6GB RAM и 64GB или 128GB UFS 2.1 простор за складирање, проширлив преку microSD слот.
Galaxy M31 го користи Samsung One UI 2 интерфејсот, преку Android 10 софтверот. Телефонот има голема батерија од 6000mAh, која се полни до 15W преку USB-C порт. Тука се и 3,5 мм приклучок, FM радио и Bluetooth 5.0.
Samsung Galaxy M31 ќе биде достапен од 5. март, во црна и сина варијанта.