Покрај два телефона, Honor објави и дека два лаптопа на компанијата пристигнуваат на глобалниот пазар. Во прашање се Honor MagicBook 14 i 15.6, кои пристигнуваат со ист дизајн и спецификации како моделите, кои минатата година беа претставени на кинескиот пазар.
MagicBook линијата лаптопи доаѓа во две големини на екранот (14 и 15,6 инчи), а дисплеите поддржуваат 1080p резолуција и нудат 16:9 однос на страници. Преносните компјутери пристигнуваат или со AMD Ryzen 3500U или 3700U процесор. Двата процесора се засновани на AMD Zen+ архитектура и се креирани во 12nm процес. Покрај тоа, двата процесора имаат интегрирана графика AMD Vega 8 и Vega 10.
Лаптопите се достапни со 8GB или 16GB DDR4 RAM и 256GB или 512GB PCIe SSD простор за складирање. Присутни се и два USB Type-A портови, како и Type-C порт, HDMI порт и 3.5mm приклучок. Тука е и сензорот за отпечатоци од прсти, 56Wh батерија за MagicBook 14 и 42Wh за MagicBook 15.6 модел.
Почетната цена на Honor MagicBook линијата лаптопи изнесува 600 евра, а првите пазари кои ќе ги добијат уредите се Велика Британија, Германија, Франција и Чешка.
Поврзани артикли