Познатата математичарка која работеше во НАСА, Кетрин Џонсон, почина вчера на 101 годишна возраст.
Веста за нејзината смрт ја потврди и НАСА на официјалниот Твитер профил, нарекувајќи ја Џонсон “највлијателна личност”, јавува “BBC”.
“Денеска ги славиме нејзините 101 година живот и оддаваме почит на нејзиното наследство кое ги разби расните и социјалните бариери”, се наведува во објавата.
We're saddened by the passing of celebrated #HiddenFigures mathematician Katherine Johnson. Today, we celebrate her 101 years of life and honor her legacy of excellence that broke down racial and social barriers: https://t.co/Tl3tsHAfYB pic.twitter.com/dGiGmEVvAW
— NASA (@NASA) February 24, 2020
Без прецизноста на “човечкиот компјутер”, како што многумина ја нарекуваа, НАСА денес веројатно би изгледала потполно поинаку. Нејзините калкулации беа одговорни за безбедното испраќање на луѓе во вселената и обезбедување на американското водство во вселенската трка против Советскиот сојуз.
Речиси целиот живот, нејзината важност за американските вселенски патувања била незапазена – таа дури неодамна добила национално признание за своите достигнувања.
Џонсон била дел од групата математичари чии податоци биле стартна точка за првите успешни вселенски мисии на НАСА. Успехот на оваа група во голема мера зависел од достигнувањата на жените математичарки.
Улогата на Кетрин во НАСА беше тема на холивудскиот филм “Hidden Figures”. Овој филм од 2016 година зборува за три Афроамериканки кои благодарение на своите математички способности успеваат да “лансираат” американски астронаут во вселената во текот на 60-тите години на минатиот век.
Извор: B92.net
Поврзани артикли