Минатата недела екологисти од Универзитетот Беркли во списанието Science Magazine објавија студија која покажува дека дивите животни ги менуваат своите навики со цел да го избегнат притисокот од човековото присуство во близина на своите живеалишта.

Резултатите од истражувањето исто така покажуваат дека растот на човечката популација влијае на тоа како животните функционираат. Се чини дека голем број видови цицачи станале поактивни во текот на ноќта во обид да ги избегнат луѓето.

Научниците признаваат дека ваквата трансформација се однесува исклучиво на животните, но предупредуваат дека таа може да има потенцијални ефекти и врз целокупниот екосистем кои во моментов не можат да се согледаат во потполност.

Минатото покажува дека цицачите се адаптирале на човековото присуство со повлекување во оддалечени области, односно со користење помалку време за потрага по храна. Сите овие промени во однесувањето придонесуваат за зголемување на нивото на стрес кај животните.

Некои показатели од студијата посочуваат дека активности како што е кампувањето може да имаат негативно влијание врз живиот свет.

Студијата била дизајнирана како збирна мета-анализа од 76 истражувања на 62 вида на шест континенти.

Резултатите биле речиси идентични на сите континенти и кај сите видови. Некои од животинските видови вклучени во студијата биле танзанискиот лав, видрите во Бразил, којотите во Калифорнија, дивите свињи во Полска и тигрите во Непал.