Само две седмици откако лансираше неколку помали сателити во Земјината орбита, Space X синоќа, неколку часа после полноќ го испрати во Вселената еден од најголемите сателити, а се работи за комуникацискиот сателит SES-12. 

Американската вселенска компанија новиот сателит го лансираше од својата база Cape Canaveral на Флорида.

Од SpaceX изјавиле дека ова е еден од најголемите сателити кои некогаш ги лансирале во вселената, а истиот би требал да ја зајакне конекцијата во деловите од светот на кои наскоро ќе им биде потребен побрз интернет. Како што пренесуваат странските медиуми, брз интернет би требало да добијат жителите на Азија и Пацифик и Блискиот Исток.

“Потврдено е успешно поставување на сателитот SES-12 во орбитата”, напишале од SpaceX на Твитер.

Лансирањето на сателитот првобитно било планирано за 31-ви мај, но истото било одложено поради дополнителни тестирања.

Извор: Klix.ba