Со цел засилување на процесот на дигитална трансформација како и флексибилно работење, А1 Македонија го збогатува своето портфолио со нова понуда за деловни корисници на кои им нуди интернет,  фиксни и мобилни услуги, но и можност лесно и брзо да го менаџираат својот бизнис каде и да се.

Со новата A1 Business промоција, деловните корисници добиваат стабилен интернет за својата канцеларија, подарок таблет, како и лиценца за три месеци бесплатно користење на дигиталната платформа Microsoft Office 365. За цена од само 899 денари месечно, со А1 Net Neo Mкорисникот добива интернет со брзина од 100 mbps со вклучен Wifi рутер, подарок таблет и бесплатен период од 3 месеци за Office 365 Business.

Понудата важи за сите нови и постојни корисници со склучување нов или со обнова на договор на 24 месеци за А1 Combo Neo 3/4 M/L, A1 Combo Lite Neo 3/4 M/L, A1 Net Neo M, A1 Net Neo Lite M/L, A1 Combo Neo Pro M и A1 Combo Lite Neo Pro M/L тарифен модел. Со платформата Microsoft Office 365, корисниците добиваат современо решение за продуктивност, комуникација, соработка и безбедност во зачувување на своите податоци. Оваа дигитална алатка е производ на Microsoft кој вклучува Office апликации (програми) и други Microsoft алатки корисни за секоја компанија. Со ова вработените добиваат пристап до корпоративните апликации, податоци и ресурси од кое било место и од кој било уред со што работата е едноставна и ефикасна, а при тоа компаниите заштедуваат време и можат да ги намалат своите трошоци.

Лиценцираниот софтвер нуди можност за пристап од 5 PC компјутери, 5 таблети и 5 смарт телефони како и целосна 24-часовна техничка поддршка.

Повеќе информации можете да најдете наwww.A1.mkили на телефонскиот број 077 1234.