Околу 25 лилјаци биле позитивни на тестот за коронавирус наречен BtCoV. Научниците од Индија успеале од лилјаците да изолираат нов вид коронавирус, после што повторно отвориле многубројни прашања за ризикот по здравјето на луѓето.

Сепак, по истражувањето на Индискиот совет за медицински истражувања, соопштено било дека е многу мал ризикот луѓето да бидат заразени од некој друг коронавирус кој што се наоѓа во лилјаците.

Околу 25 лилјаци биле позитивни на тестот за коронавирус, наречен BtCoV кои што биле пронајдени во државите на југот од земјата како и во западните Хималаи.

Не се пронајдени докази дека новиот вирус би можел да биде заразен за луѓето, додека на брифингот по објавувањето на научното истражување, објавено било дека таквата можност е многу ретка.

„Редок е инцидентот дека коронавирусот од лилјаците го заразува човекот, се случува еднаш во илјада години“ – соопштил тимот кој што работел на истражувањето.

Водачот на научниот тим, д-р Раман Гангакедар има две теории.

„Во истражувањето спроведено во Кина, откриено е дека коронавирусот е пронајден во лилјаците, а истиот мутирал и ги нападнал луѓето. Постои и друга можност – дека лилјаците го пренеле вирусот на цицачот наречен панголин, и дека преку него истиот стигнал до човекот“ – навел тој.

„Лилјаците се сметаат за природен резервоар на многу вируси, од кои некои се потенцијално човечки патогени“ – изјавил тимот на научници.

Заклучокот на истражувањето е дека трансмисијата на вирусот од лилјаците на човечкиот вид е многу ретка, но очигледно дека 2020-та била една од тие ‘илјада години’.