Информатичарот кој ја измисли командата copy-paste почина на 74. годишна возраст. Едноставната команда за сечење, копирање и лепење секому му го олеснува работниот ден и заштедува милиони часови работа. Зад тој концепт стои Лери Теслер, еден од пионерите на силициумската долина.
The inventor of cut/copy & paste, find & replace, and more was former Xerox researcher Larry Tesler. Your workday is easier thanks to his revolutionary ideas. Larry passed away Monday, so please join us in celebrating him. Photo credit: Yahoo CC-By-2.0 https://t.co/MXijSIMgoA pic.twitter.com/kXfLFuOlon
— Xerox (@Xerox) February 19, 2020
Теслер почнал да работи во силициумската долина во раните 60-ти по студирањето компјутерски науки на Стенфорд. Во време кога компјутерите беа недостапни за повеќето луѓе, Теслер се вработил во истражувачкиот оддел (PARC) во Xerox во 1973 година. Тој специјализирал за развој на кориснички интерфејс, или како да ги направи ИТ-системите полесни за употреба.
Тогаш тој го развил системот за сечење, копирање и лепење, кој со екот на годините на многумина им заштеди милиони и милиони часови работа. Овој концепт на команди е познат до ден-денес и практично е составен дел на која било канцелариска алатка.