Го има секоја куќа, а не сме ни свесни колку бактерии се кријат на него…
Нова студија покажала, верувале или не, далечинскиот управувач за ТВ е 20 пати повалкан од ВЦ школката!
Со анализата е откриено дека далечинското е убедливо највалканиот предмет во куќата, и дека на квадратен сантиметар од овој предмет има дури 290 бактерии, како и мувла.
Само за споредба, на ВЦ школката, поточно на даската, има 12,4 бактериски единици по квадратен сантиметар.
„Резултатите од нашата студија се шокантни, откривме дека на далечинскиот управувач се наоѓаат највеќе бактерии и мувла. Овој предмет луѓето честопати го занемаруваат кога чистат, а тој е всушност една од највалканите работи во куќата. Ужасно е што далечинскиот управувач е толку валкан затоа што секојдневно го земаат во рацете и децата и возрасните. Од сега сите дефинитивно би требало редовно да го чистиме“, порача Дејл Гилеспи, еден од авторите на студијата.
Поврзани артикли