Основната идеја му била да направи уред кој што ќе може да го користи секојдневно бидејќи го нервирале современите телефони на кои со секој нареден ден им се зголемува нивната важност кај луѓето.
Досега никој не направил мобилен телефон со “старовремски бројчаник“ какви што беа фиксните телефони пред 20-30 години.
Но, иноваторот и инженер Џастин Хаупт успеал да направи токму таков уред за кој може да се каже дека е нешто на средина помеѓу некогашниот фиксен телефон и современите паметни телефони.
Someone built a distraction-free cellphone with a working old-school rotary dial https://t.co/RGKASLTP21 pic.twitter.com/EAWP21LZDS
— Gizmodo (@Gizmodo) February 12, 2020
Овој необичен уред има бројчаник кој се врти со помош на вашите прсти, закривен „ePaper“ екран кој на корисникот му дава основни информации, како што се пропуштени повици и текстуални пораки.
Срцето на телефонот е создадено од Ардуино плочи, засновани на ATmega 2560 микроконтролер и Adafruit FONA 3G плочка на која се наоѓа модемот за поврзување со 2G или пак 3G мрежа во која се става и соодветна СИМ картичка.
? Rotary Cellphone: https://t.co/00FIqoQ8uv pic.twitter.com/0UDvvNO7Aj
— Claus Wahlers (@cwahlers) February 12, 2020
Нивото на напојноста на батеријата, која е во состојба да издржи еден ден користење и јачината на сигналот се контролираат со помош на бочните LED диоди.
Уредот има неколку “speed-dial” тастери за брзо бирање на меморираните контакти.
Џастин Хаупт вели дека основната идеја му била да направи уред кој ќе може да се користи како основен мобилен телефон бидејќи современите телефони веќе почнуваат да го нервираат.
Извор: Telegraf.rs