Од јужнокорејската компанија соопштија дека сега имаат индивидуални звучници за високи и ниски тонови во секоја слушалка, како да се звучниците во слушалките поголеми за 40 проценти, како што велат, допринесува на силата но и квалитетот на звукот.

Можат да траат 11 часа со постојана употреба, а доколку се дополнат во кутијата, можат да траат уште толку. Во ситуации кога ви се потребни слушалки, а ако се целосно празни може да се дополнат преку USB-C приклучок за три минути за да траат повеќе од еден час.

На себе имаат кратенки за брзо повикување апликации како Spotify на вашиот телефон. Она што го немаат е потиснување на звукот или „active noise cancellation“, но и поради тоа чинат помалку. Од 14 февруари, во продажба ќе можат да се најдат по цена од 150 долари.
Извор: PC Press