Интернет романсата доби со друга димензија во септември 2019 година, кога Facebook ја лансираше својата нова услуга Facebook Dating, една година откако започна тестирањето. Услугата првично пристигна во САД, а се очекуваше до европските корисници да пристигне за неколку месеци, пренесува PC Press.

Новата опција се појавува како посебен таб во рамките на апликацијата Facebook, а оние што ќе изберат да ја користат, можат да создадат профил одвоен од главниот профил, и да бараат потенцијални партнери меѓу нивните пријатели, или целосно надвор од позната мрежа.

Корисникот, исто така, ќе добие препораки врз основа на интересот што тој/таа ги внесува во новиот профил, во комбинација со интересите и активностите.

Сепак, Европа ќе мора да почека за оваа услуга некое време, бидејќи лансирањето е одложено поради проблемите со приватноста на корисниците, поставени од регулаторните тела во Ирска. Facebook Dating моментално е достапна во 20 земји, па се претпоставува дека на оваа бројка ќе им се придружат и оние од Европа, а кога ќе се решат горенаведените проблеми.