Новиот флегшип Q950TS QLED 8K телевизор за 2020. година претставен заедно со новите уреди од QLED 8K, QLED 4K, Lifestyle и MicroLED сегментите
Од нашиот известувач од Валета, Малта
НИКОЛА БУРАГЕВ
На Samsung Forum 2020 одржан во Mediterranean Conference центарот во Валета, Малта имавме прилика да присуствуваме на претставувањето на аудио и видео новитетите на Samsung за европскиот пазар, кои премиерно беа претставени на годинашниот CES саем во Лас Вегас.
Со новите производи на јужнокорејската компанија кои пристигнуваат на европскиот пазар не запозна директорот на TV и AV одделот на Samsung Europe, Натан Шефилд, кој посебен акцент стави на флегшип телевизорот на Samsung за 2020. година – Q950TS QLED 8K. Моделот кој во Европа ќе биде достапен во големини од 65, 75 и 85 инчи, пристигнува со infinity screen екран дебел само 15 милиметри. Покрај тој модел, Samsung понудата на QLED 8K телевизори ја прошири со Q900TS и Q800T моделите.
Сепак, QLED 4K телевизорите и натаму се најголем адут на Samsung, а нивната годинашна понуда ќе биде најширока досега. Со широк спектар на големини кои се движат од 43 до 85 инчи во понудата ќе се најдат моделите Q60T, Q70T, Q80T, Q90T i Q95T.
Претставените уреди доаѓаат со неколку интересни технолошки функции. Прва е Quantum Dot AI технологијата која го комбинира 8K процесорот со Tizen платформата, и така гарантира визуелна напредна содржина и слика која може да биде прикажана на 33 милиони пиксели.
Тука е и функцијата Adaptive Picture, која со помош на анализата на степенот на светлината, ја прилагодува сликата на екранот, и така овозможува што подобро искуство на гледање во сите услови. Комплементарна на оваа опција е функцијата Active Voice Amplifier. Таа, имено, ја препознава вревата и пречките од околината и врз основа на тоа го адаптира звукот.
Функцијата Objecting Tracking Sound+, користејќи ја вештачката интелигенција, го комбинира делувањето на звучникот на уредот и така гарантира дека звукот совршено ќе го следи настанот на екранот.
Што се однесува, пак, до новитетите, за Европа се претставени саундбар моделите Q800T, Q70T i Q60T, кои се идеални за поврзување со QLED телевизорите.
По претставувањето имавме прилика премиерно да прошетаме низ изложените производи и од прва рака да ги видиме и новитетите претставени на CES во Лас Вегас. Дефинитивно се истакнува AirDresser – вертикален уред, кој со помош на посебните воздушни технологии, самиот ја пере, суши и пегла облеката.
Тука е секако и The Sero – вертикален телевизор, кој има можност на свртување на екранот. Се работи за уред примарно наменет за корисниците, кои поради паметните телефони (и Instagram) се навикнати содржината да ја гледаат во вертикален облик.