Facebook ќе му конкурира на Pinterest со апликацијата Hobbi

Facebook минатото лето формираше специјален тим на софтверски инженери, наречен „New Product Experimentation“, чија основна цел е да развие апликации што се надвор од популарните брендови на компанијата, пренесува Digital.bg

Првите експериментални производи од таа поделба веќе се видливи, вклучувајќи ги и Whale, социјалната апликација Bump, како и музичката платформа Aux.

Сега компанијата има и нов производ, наречен Hobbi. Самата апликација е објавена од NPE Team и нуди функционалност слична на Pinterest. Корисниците можат да испраќаат слики и да откријат содржина во различни категории, како што се Crafts, DIY projects, Recipes и друго, пренесува SlashGear.

Дополнителните алатки исто така овозможуваат организирање на публикации во визуелни колекции на Hobbi на Facebook, врз основа на индивидуални интереси, како и да споделување на кратки клипови со онлајн пријателите.