Google верува дека планирањето на одморот не треба да трае многу време. Со помош на услугата наречена Touring Bird, можете со леснотија да најдете забава на местото каде одите. Или засега во барем во 20 градови низ целиот свет.

Веб-страницата, адаптирана за мобилните уреди ќе ви помогне како да го потрошите вашето време во европски градови (Амстердам, Прага, Барселона, Лондон), а исто така и во Северна Америка (Чикаго и Торонто).

Во листата на дестинации, исто така, го гледаме и индискиот главен град Њу Делхи.

Од прв поглед се забележува дека сајтот е ориентиран кон туристите од англиското говорно подрачје. Затоа советите и препораките се на англиски јазик.

Не е исклучено со зголемување на популарноста на услугата Google да го прошири јазичното мени и да ја дополни со нови дестинации.

Откако ќе се избере градот од списокот, потребно е да ја отворите неговата „карта“ за да најдете забава според вашите желби, листа на главните знаменитости, правците за пешачки прошетки, препораките од локални жители и најдобрите начини за користење на парите во сувенири и гастрономски авантури.