Можноста за соработка на една објава не е непознат концепт во светот на социјалните мрежи, а се чини дека ваква опција наскоро конечно ќе пристигне на Твитер

Корисниците на ТикТок и Инстаграм веќе долго време можат да „соработуваат“, односно да прават заедничка објава благодарение на верзиите на функцијата Collaborations. Ваквата опција сега ја тестира Твитер, инаку социјална мрежа направена првенствено за кратки текстуални објави, без многу простор за маркетиншки соработки.

За оваа опција се „шпекулира“ веќе некое време, но според TechCrunch не е сигурно кога ќе стане јавно достапна. Имено, ќе функционира дури откако корисникот ќе го прифати барањето за соработка од друг твитерџија.

Ова, значи, сугерира можен план да им се овозможи на корисниците на Твитер да соработуваат со профилите на брендови, што е веќе доста вообичаено и често се гледа на конкурентните социјални мрежи како Јутјуб, Инстаграм, ТикТок, Фејсбук и други.

Развивачот на мобилни апликации Алесандро Палуци објави на Твитер слики од екранот на претстојната функција што јасно покажува дека компанијата навистина работи на Collaborations опцијата.

Така, на пример, може да се види дека корисниците за колаборација ќе можат да повикуваат само луѓе кои се нивни пријатели.

Откако твитот ќе биде објавен, тој автоматски ќе биде споделен на двете сметки, а нивните аватари ќе бидат прикажани во горниот лев агол на објавата. Уште еднаш, моментално не е познато кога функцијата Collaborations ќе стане јавно достапна, но секако е добра вест што Твитер активно ја развива.