Руски суд денеска ги казни социјалните мрежи „Твитер“ и „Фејсбук“ поради неисполнување на законот кој бара податоците од руските корисници да се чуваат на национална територија.

Социјалните мрежи треба да платат глоба од четири милиони рубли, односно околу 58.000 евра.

Двете компании имаат десет дена да ја обжалат судската одлука и рок од 60 дена за да ги платат казните.