Долго време се сметаше дека компјутерите на MacOS се многу подобро заштитени од компјутерите со Windows, и поради оваа причина многу професионалци користат компјутери на Apple, пренесува Digital.bg

Дури и скоро сите светски познати диџеи пуштаат на MacBook. Сепак, Malwarebytes Labs, една од водечките компании за компјутерска безбедност, смета дека macOS не е толку безбеден.

Студијата објавена во Windowscentral откри дека малициозниот софтвер за Apple компјутерите стабилно расте. Во 2019 година, зголемувањето во однос на 2018 година изнесува до 400%.

Студијата се однесуваше на уредите на Apple кои го користат Malwarebytes. Во 2019 година секој компјутер на MacOS е нападнат во просек 11 пати, додека пак кај оние што работат со Windows таа бројка изнесува 5,8. Според експертите, зголемувањето се должи на фактот дека вградената заштита на Apple не е доволно ефикасна.