Критична грешка на Bluetooth за Android може да им овозможи на напаѓачите да ја преземат контролата врз погодените уреди и да ги експлоатираат на разни малициозни начини.

Грешката беше откриена минатата недела, а интеракцијата со корисници нема никаква улога во овие напади. Најголема ранливост имаат верзиите Pie (9.0) и Oreo (8.0, 8.1), кои во моментов се наоѓаат на околу две третини од сите уреди со Android. Ранливоста влијае само кога е вклучен Bluetooth, дозволувајќи им на напаѓачите беспрекорно да напаѓаат, оставајќи ги жртвите да не се свесни за тоа, пренесува PC Press,

Безбедносното протекување влијае и на најновиот Android 10, но опасноста е далеку помала, а преземањето контрола врз уредите генерално не е можно, но главно се работи за исклучување на Bluetooth. Со грешката исто така би можеле да бидат погодени верзии постари од 8,0, но тие сè уште не се тестирани од страна на експертите за безбедност.