Samsung ја изненади јавноста во текот на минатата ноќ, коГА во паузата за време на преносот на доделувањето на филмските награди Оскар, емитуваше ТВ реклама за својот се уште необјавен преклопен смартфон. Моделот Galaxy Z Flip, кој се отвора како кутија за пудра, ќе биде официјално претставен утревечер на претходно најавениот Unopacked настан, но од компанијата одлучија малку да побрзаат и да го најават самиот уред и неговото скорешно претставување.
Во рекламата во траење од 30 секунди се гледа новиот преклопен модел, начинот на неговото отворање, а гледачите можат да забележат дека во дното на екранот е поставена и напомена за тоа дека е видливиот набор на пластичниот екран е сосема нормална работа.
Од новите информации, видеото го открива и малиот екран сместен од надворешна страна, веднаш до камерата. На него е можно да се видат нотификации или информации за повикот, кога телефонот е склопен. Претставен е и можниот маркетиншки слоган за Galaxy Z Flip: „Да го промениме обликот на иднината“.
Од претходно ни се познати и многу веројатните спецификации на самиот уред, како и неговата очекувана цена од 1400 долари. За да откриеме дали Samsung има да објави уште нешто, што досега не протече во јавноста, ќе мораме да го причекаме настанот Unpacked, кој е на распоред утре, 11. февруари, во 20 часот по македонско време.
Samsung just showed off the entire Z Flip during its Oscars ad. Small print says screen crease is normal, heh pic.twitter.com/uBesJ0FonT
— nilay patel (@reckless) February 10, 2020