Надзорната камера го снимила моментот кога мобилен телефон се запалил во рацете на шокираниот работник во еден сервис за поправка на телефони во турска Маниса.
Јусуф Гулчимен го држел телефонот кој наеднаш експлодирал.
Шокираниот работник го фрлил на земјата и почнал панично да бега.
Гулчимен рекол дека не бил повреден и дека станува збор за телефон кој клиент го оставил на поправка или замена на батерија.