Истражувачите на Универзитетот Калифорнија направија „анти-соларни панели“, кои работат обратно од обичните соларни панели – создаваат електрична енергија во темнина, наместо Сонцето да им биде извор.

„За да произведеме електрична енергија откако ќе зајде сонцето, користиме алтернативен фотонапонски концепт, кој земјата ја користи како извор на топлина, а ноќното небо како ладилник“, објаснуваат научниците.

Моментните „анти-соларни панели“, сепак, не се толку корисни.

Можат да генерираат само четвртина од енергијата која ја создаваат соларните панели.

Сепак, доколку се унапредат, „анти-соларните“ панели би можеле да бидат голема пресвртница, бидејќи енергијата би можеле да ја создаваме постојано.