Вакцините против Ковид-19 на база на мРНК го зголемуваат ризикот од воспаление на срцевиот мускул(миокардитис) и срцевата обвивка(перикардитис), но оваа појава е ретка, се истакнува во француска студија.

Оваа студија ја спроведе Epi-Phare во соработка со Здравственото осигурување(CNAM) и Агенцијата за лекови при што учествуваа лица на возраст од 12 до 50 години кои во Франција биле примени во болница поради миокардитис или перикардитис помеѓу 15 мај и 31 август. Забележани се 919 случаи на миокардитис и 917 случаи на перикардитис.

Миокардитис и перикардитис се воспаленија на срцето. Првата го напаѓа срцевиот мускул, а втората срцевата обвивка.

Резултатите од студијата потврдија дека вакцините на Pfizer и Moderna го зголемуваат ризикот од настанување на овие болести во рок од 7 дена по вакцинацијата.

Овој случај е поизразен кај мажите помлади од 30 години по втората доза од Moderna. Вакцинирањето со овие вакцини предизвикало 132 дополнителни случаи на миокардитис на милион примени дози.

Кај жените помлади од 30 години е зголемен бројот на случаи на миокардитис после втората доза од вакцината на Moderna.

Што се однесува на ризикот од перикардитис, и тој бил изразен после втората доза од вакцината на Moderna кај помладите лица од 30 години.

Не е пријавен ниту еден смртен случај кај хоспитализирани поради воспаление на срцето.