Американската компанија BellFlight (Bell Helicopter) објави анимирана видеоснимка на која извидувачко-офанзивен хеликоптер Bell 360 Invictus уништува ПВО-системи кои потсетуваат на С-400 „Триумф”.
Видеото е објавено на официјалниот јутјуб-канал на компанијата. Хеликоптерот лета над планински терен, исфрла беспилотно летало-камикаѕе со боева глава, а потоа се спушта до шумски масив.
Потоа со помош на оптички систем за наведување леталото го насочува вооружувањето врз колона воена техника во која се наоѓаат системи за противвоздушна одбрана кои многу наликуваат на руските системи С-400 „Триумф“.
Во нападот се уништени два лансера и радарска станица.
С-400 е веќе низа години тема во светските медиуми поради договорите за испорака на овие системи на Индија, Турција и Кина. Според податоците на руската Федерална служба за военотехничка соработка, има толку многу заинтересирани за купување на С-400, што веќе постои листа на чекање, потсетуваат руските медиуми.
Извор: Russia Beyond
Поврзани артикли