Rakuten Viber, една од водечките апликации за размена на пораки во светот, денес го најави глобалното претставување на својата најнова функција My Notes, соопшти компанијата.
My Notes е нов регистар во прегледот на разговори на корисникот кој помага во сортирање списоци на обврски, фотографии, потсетници и многу повеќе – на едно место.
Како што се наведува, ова дигитално решение ќе овозможи да:
– Создава список на претстојни обврски, кои можат да се штиклираат кога ќе бидат решени,
– Зачува омилени пораки, видеа или фотографии на едно место,
– Синхронизира податоци помеѓу било кој уред (како мобилен телефон, десктоп компјутер, таблет, итн.)
– Закаже потсетници за најважните белешки (наскоро во функција).
Rakuten Viber е дел од Rakuten Inc., глобален лидер во електронската трговија и финансиските услуги.