Последиците на Корона вирусот се чувствуваат надалеку, а полека и сигурно почнуваат да ја тресат и IT индустријата. Неброени состаноци се откажани, производството трпи, а сега и најзначајната европска манифестација на мобилната индустрија, Mobile World Congress во Барселона се доведува под знак прашање. Имено, LG Electronics и ZTE го откажаа своето присуство на MWC 2020, а во догледно време по тој пат би можеле да тргнат и останатите компании.
LG достави официјално објаснување на својата одлука, наведувајќи дека приоритет е здравјето и безбедноста на вработените, партнерите и клиентите и поради тоа реши да го откаже присуството на MWC 2020 во Барселона, кој традиционално се одржува кон крајот на февруари. Во соопштението на јужнокорејскиот гигант се наведува дека на овој начин се елиминираат сите потенцијални ризици за стотината вработени и дека меѓународното патување станало доста порестриктивно и покомплицирано во екот на ширење на опасниот вирус.
Исто така, LG вети дека паралелно со настанот ќе одржи манифестации во сопствена организација, на кои ќе го претстави сето она што би го претставил на MWC саемот. Веројатно најзначајните одлуки на компанијата се врзани за продажбата во Северна Америка и Европа, како и производството на модели од пониска категорија. Имено, се очекува LG да го аутсорсува производството на смартфони од пониска и средна класа, додека во иднина во Европа и Северна Америка ќе продава само паметни телефони од високата класа.
Набрзо по LG, и кинескиот ZTE објави соопштение со слична содржина, откажувајќи го учеството на MWC 2020 саемот во Барселона.