Изгледа дека одложувањето станува традиција кога станува збор за смартфоните на преклоп. Традицијата ја востанови Samsung, кој повеќе пати го одложува датумот на започнување на продажба на својот модел Galaxy Fold. Ова веднаш беше прифатено и од Huawei, кој два пати ја одложуваше промоцијата на преклопниот телефон Mate X, а изгледа ќе им се приклучи и Motorola.

Првично е најавена дека резервациите за овие телефони ќе бидат отворени на 26 декември, а продажбата ќе почне на 9. јануари следната година. Сепак, компанијата објави дека малку ќе ги помести овие рокови, за среќа не поради проблемите со дизајнот или работата на телефонот, туку поради преголемата побарувачка. Motorola процени дека нема да биде во состојба да испорача доволен број телефони на првиот ден од продажбата, и одлучи да си даде малку повеќе време за да направи поголемо иницијално производство.

Според нивните зборови, сметаат дека е подобро сите корисници дапо чекаат уште неколку дена, отколку да се случи луѓето што навреме ги нарачале и платиле своите телефони да не можат да ги добијат навреме.

Иако малку заостанува зад конкурентите во однос на спецификациите, Motorola Razr има две огромни предности – цена која е значително пониска од конкурентските модели, како и дизајнот и димензиите (бидејќи ова веројатно ќе биде единствениот преклопен уред во наредниот период што корисниците ќе можат удобно да го стават џеб).

Во соопштението на компанијата не се дадени нови датуми, но наведено е дека не очекуваат значително поместување на роковите.