Јапонскиот производител на автомобили Toyota се подготвува за претставување на својата иновативна технологија која значително ќе ја подобри безбедноста во сообраќајот.
Оваа нова технологија најпрвин ќе биде понудена како опција за новите автомобили на Toyota на јапонскиот пазар, пред да пристигнат на глобалниот пазар. Сепак, се очекува оваа технологија дури и во текот на оваа година да биде имплементирана.
Од Toyota не објаснија поконкретно како функционира оваа технологија, но нагласија дека се надеваат дека на овој начин ќе успеат да го намалат бројот на сообраќајни незгоди кои се предизвикани од бунење на возачите и притискање на погрешна педала.
Поради тоа што луѓето често знаат да ги помешаат педалите за сопирање и гас, најчесто незгодите се случуваат на паркинзи или пред семафори.
Оваа технологија ќе им се придружи на експресното сопирање пред судир, автоматска помош за останување во лента, предупредување за напуштање на лента и слично.
Извор: B92.net
Поврзани артикли