Microsoft моментно развива функција за својот Chromium Edge браузер, која кога ќе се овозможи, автоматски ќе ги блокира несаканите апликации и adware програми. Овој софтвер обично има облик на toolbar или екстензија за прегледниците, или пак реклами кои не можат да се затворат, односно исклучат.

Во овој момент, Edge анти-adware функцијата им е достапна само на тестерите, а оние кои сакаат да ја испробаат ќе мораат да преземат потенцијално нестабилна бета верзија на браузерот, за да и пристапат.

Доколку немате проблем со баговите во тест програмите, можете да го преземете Microsoft Edge Beta од Edge Insider сајтот. Исто така, доколку наидете на посериозни проблеми можете да ги решите преку Insider форумот.

Бета верзиите на Edge прегледникот се објавуваат на секои шест недели, а обично прикажуваат поголеми или побитни функции и измени кои се имплементираат. Dev каналот се ажурира секоја недела, додека Canary каналот новите апдејти ги добива речиси секојдневно.