По краткиот препород во текот на третото тримесечје од минатата година, гобалната продажба на таблет уреди повторно забележа пад во четвртиот квартал. Според најновиот извештај на аналитичката компанија IDC, таблет пазарот е во пад од 0,6 проценти на годишно ниво. Во текот на периодот помеѓу октомври и декември, испорачани се вкупно 43,5 милиони таблет уреди.

Без изненадување, Apple е водечка компанија на пазарот на таблети, а во овој период успеа да испорача 15,9 милиони уреди. Samsung и Huawei се на второто место и третото место со седум, односно четири милиони продадени таблет уреди. Amazon забележа голем пад од дури 29 отсто во споредба со истиот период во 2018. година, кога имаше испорака од само 3,3 милиони примероци.

Кога е во прашање целосната 2019. година, таблет пазарот оствари пад од 1,5 проценти, а глобалната испорака изнесуваше 144,1 милион уреди. Apple во текот на годината продаде најмногу iPad уреди (49,9 милиони), додека Samsung е на втората позиција (21,7 милиони). Следуваат Huawei, Amazon и Lenovo.