Xiaomi веќе претходно потврди дека работи на Mi 10 Pro телефонот, наследник на Mi 9 Pro моделот од 2019. година. Сега на Weibo страниците забележана е About секцијата на телефонот, која открива детали за карактеристиките на уредот, од кои некои се многу импресивни.
Xiaomi Mi 10 Pro ќе користи Snapdragon 865 чипсет, кој ја поддржува 5G мрежата преку интегрираниот X55 5G модем. Телефонот се очекува со 16GB RAM и 512GB простор за складирање, што би требало да го направи прв модем, кој имплементира толкава количина на RAM меморија.
Ќе поседува и огромна 5250mAh батерија, дисплеј од 6,4 инчи со 2080 x 1080p резолуција. Во доменот на камерите, се очекуваат 108MP главен сензор, како и 16MP + 12MP + 5MP камери. Телефонот ќе работи под MIUI 11 v20.1.21 верзија на софтверот, кој веројатно ќе биде заснован на Android 10.
Покрај ова, тимот на XDA Developers откри некои информации преку MIUI 11 кодот. Според овие сознанија, Xiaomi Mi 10 Pro има број на модел M2001J1C и поддржува 66W технологија на брзо полнење.
Xiaomi Mi 10 Pro се очекува во текот на првото тримесејче на оваа година, заедно со стандардниот Mi 10 модел, кој исто така ќе има Snapdragon 865 чипсет.