Поради коронавирусот, Google времено ги затворa сите свои канцеларии во Кина, како и во Хонгконг и Тајван.
Канцелариите на Google во моментов се затворени поради кинеската Нова година, но дополнително ќе биде познато кога ќе бидат отворени.
Google има канцеларии во Пекинг, Шенжен, Гуангџу, Шангај и Хонгконг, како и пет канцеларии во Тајван.
Портпарол на Google изјави дека објектите се затворени во согласност со владините упатства.
Компанијата ги советуваше вработените кои во моментов се во Кина, како и оние со блиски роднини кои се враќаат од Кина, да се вратат дома што е можно поскоро и да работат од дома најмалку 14 дена од денот на враќањето.