Летечкиот автомобил на иднината неодоливо потсетува на моделот на Ferrari кој освои две титули на Светскиот шампиона во Formula 1.
Некои работи за иднината на Ferrari се веќе познати – ќе видиме повеќе хибриди кои започнуваат со SF90 оваа година, a во 2022 се очекува нивниот SUV Purosangue. Сепак, тие сè уште не започнале да работат на летачки возила, иако се појави модел сличен на нивниот, како прототип летачки автомобил. Според неофицијален извор, ова летачко беспилотно летало ќе има мотор V12 и три пропелери, пренесува TopGear.
Овој потенцијално тркачки дрон има три пропелери и е инспириран од модели од 50-тите години на минатиот век – многу слично на Ferrari 500 F2, со кое Алберто Аскари ги освои првите две титули во Светскиот шампионат во Formula 1, 1952 и 1953 година.
Извор: Додај Гас