Откако доволен број на луѓе ја решија специјалната загатка, која неодамна ја објави Google, компанијата сега го објави официјалниот датум на својата конференција за програмери.

Google I/O 2020 годишната конференција за програмери ќе биде одржана од 12. до 14. мај во Shoreline амфитеатарот во Mountain View.

Во минатото, во текот на Google I/O конференцијата имавме прилика да видиме дека компанијата се фокусира на голем број различни производи и сервиси, од Assistant до Google Glass. Секако, се очекува дека главниот фокус и натаму ќе биде на Android платформата, како и на вештачката интелигенција и вообичаените подобрувања на сервисите на компанијата.