Во Германија во 2019. година биле продадени над 3,5 милиони нови автомобили, што е за 5,1% повеќе од 2018 година

Најбарани биле моделите на Volkswagen, така што минатата година се продадeни 667.518 автомобили од овој бренд, барем според податоците од focus2move.com.

На второ место е Mercedes со испорачани 339.125 возила, додека на третото место е Ford со продадени 279.719 автомобили.
Најпродаваниот јапонски автомобилски бренд во 2019 година бил Toyota, која е на 12-то место (84.498 продадени единици), а веднаш зад неа на 13-то место е Dacia со 80.035 испорачани единици.

Збирно гледано, групацијата Volkswagen е неприкосновена, со испорачани 1.314.397 возила или дури 36,54% пазарен удел. Значи, не е изненадување што меѓу првите 10 најпродавани автомобили во Германија во 2019 година се дури пет возила на Volkswagen, заедно со уште по една Skoda и едно Audi, кои исто така се дел од групата VW.

BMW за малку ја нема позицијата број три, испорачувајќи 279.243 возила, додека петти е Audi со 267.195 продадени автомобили.

Меѓу првите десет се уште Opel, Škoda, Seat, Renault и Hyundai.

Ова се 10-те најбарани модели на автомобили во Германија за 2019 година: