Минатата недела се појавија извештаи за претстојниот телефон од кинеската компанија Huawei, кој треба да има 6,9-инчен OLED дисплеј. Уредот ќе има екран без рамки, а не т.н. edge-to-edge каков што има кај актуелната Mate 10 серија.

Прашањето што многумина го поставуваат е дали ова ќе биде само нов огромен телефон или Huawei успеа да најде начин значително да ги намали рамките околу екранот? Сега се појавија фотографии од патент, кои може да објаснат некои од деталите. Имено, на компанијата ѝ е одобрен патент со име уред за мобилни комуникации. Патентот претставува паметен телефон со правоаголно куќиште и без рамки отстрана.

Инаку, производството на телефони со многу тенки рамки не е можно доколку се користи постојната технологија. Поради оваа причина, инженерите на Huawei најдоа алтернатива.

Невообичаена рамка се користи за левата и десната страна на уредот, при што метални ленти се залепени за куќиштето со помош на двострана леплива лента. Ова е направено на исклучително професионален начин кој овозможува уредот да биде водоотпорен и отпорен на прав.

Екранот на допир има вградена структура на врвот и на дното. Како резултат на тоа екранот е прикачен во внатрешноста на куќиштето и затоа на страните не постои непотребен притисок. Рамката останува прилично тесна и на врвот и на дното на уредот, пренесува Benchmark.

Дали ова може да биде новиот 6,9-инчен телефон на Huawei за кои неодамна проструија информации, останува да се види.