Tesla најавува компактен електричен автомобил

Tesla објави официјална дизајнерска скица од нов компактен електричен автомобил и ги откри плановите за отворање на центар за истражување и развој во Кина.

„За да се стигнеме од „Made in China“ до „Designed in China“, извршниот директор на Tesla, Илон Маск, планира отворање на центар за истражување и развој во Кина“, се вели во известувањето од компанијата која на овој начин ги поканува заинтересираните дизајнери и инженери да аплицираат за работа во новата фабрика на Tesla во Кина.

„Мислам дека би било супер кул да се создаде центар за дизајн и инженеринг во Кина во кој ќе се дизајнираат оригинални Кинески автомобили (Chinese-style) за светска потрошувачка “, вели Маск.

Моделот од скицата во гамата на производителот треба да биде под Model 3 и да биде ривал на електричниот ID.3 модел на Volkswagen.

Извор: Додај Гас