Наскоро доаѓа нова бесплатна игра за телефони од франшизата Sonic.

Како што објави сајтот Insider gaming, повикувајќи се на своите извори (а тие ретко грешат), наскоро би требало да видиме нова видео игра од серијата Sonic.

Оваа игра моментално го носи кодното име Project Toys и најверојатно на крајот ќе се вика Sonic Toys Party или нешто слично.

Истата треба да излезе ова лето и ќе биде многу слична на неверојатно популарната титула Fall Guys.

Во суштина, Sonic го добива „третманот Battle Royale“ – различни ликови од серијата ќе се борат меѓу себе преку 32 натпревари, додека само еден не остане да стои.

Некои од натпреварите ќе бараат од играчите да се тркаат или да собираат прстени, додека некои едноставно ќе бараат од нив да преживеат до крајот на нивото.