Huawei Mate Xs би можел да биде поевтин од Mate X

Huawei во март ви требало да го претстави својот следен флексибилен телефон. Како што сугерира самото име, Mate Xs нема да биде во целост нов производ и ќе претставува унапреден Mate X. Веќе дознавме дека ќе користи HiSilicon Kirin 990 чипсет со 5G поддршка, а сега се појавија и уште нови детали.

Mate Xs, според наводите од Кина, би можел да биде поевтин од Mate X моделот. Ова би бил резултат на подобрувањето во процесот на производство на екранот, бидејќи дисплејот на Мате Xs моделот е полесен за креирање од оној за Mate X.

Покрај наведеното, Mate Xs би требало да има подобрен дизајн на шарката и посилен дисплеј. Според наводите на изворот, Huawei направил бројни подобрувања на дизајнот за Mate Xs во однос на неговиот претходник. Шарката е постабилна, флексибилниот дисплеј е поиздржлив, а самиот телефон ќе биде помал од Mate X моделот, но ќе ја задржи истата големина на екранот.

Huawei, исто така, подготвува уште еден флексибилен уред, кој се очекува во текот на втората половина од годината. Засега не е познато дали уредот ќе го задржи вкупниот концепт на Mate X и Mate Xs моделите, или ќе имплементира нешто поинаку.