Интернет страницата Digitimes претстави извештај од кој е видливо дека Apple ја подготвува следната генерација на iPad со поддршка за 5G mmWave фреквенциски спектар.

Во споменатиот извештај се наведува дека тајванската компанија Advanced Seminconductor Engineering ќе биде задолжена за испорака на технологии за 5G антени, кои ќе се вградуваат во новите модели на iPad. најверојатно се мисли на новата генерација на iPad Pro моделите.

Што се однесува до претставувањето на новите iPad таблет уреди, тоа би требало да се случи некаде напролет, а благодарение на дојавувачот OnLeaks, познато е дека ќе бидат претставени два модела, еден со 11-инчен екран и втор со дисплеј од 12,9-инчи.

Новитет би требало да биде и тројната задната камера, додека познатиот аналитичар за екосистемот на Apple, Минг-Чи Куо наведува дека барем еден модел ќе има екран заснован на Mini LED технологијата.