Повеќето луѓе одвај се прилагодуваат во првата недела на новото работно место, а еден американски тинејџер откри нова планета на третиот ден на пракса во NASA.
Волф Цукиер (17) од Скарсдејл, Њујорк се пријавил да биде практикант во Goddard Space Flight Centre во Бринбелт, Мериленд по завршувањето на третата година од неговото средно образование.
По само три дена во центарот, откри планета што орбитира околу две ѕвезди.
Планетата која го доби името TOI 1338b, е речиси седум пати поголема од Земјата и орбитира околу две ѕвезди – едната е околу 10% помасивна од нашето Сонце, а другата има околу една третина од масата на Сонцето и е помалку сјајна од него, соопшти NASA.
Волф по вторпат се пријавил да биде практикант во истражувачкиот центар, откако во 2018 година работел на проектот во Goldilocks Zone под менторство на научникот Рави Копарапу.
Поврзани артикли