Кинескиот бенчмарк Master Lu објави топ листа од најчесто фалсификуваните паметни телефони во текот на 2019. година.
Не изненадува податокот дека најчесто фалсификувани смартфони се оние на Samsung и Apple, со тоа што Samsung има удел од 28,7 отсто меѓу фалсификуваните модели, додека уделот на Apple изнесува 15,88 проценти.
Кога станува збор за конкретни модели на паметни телефони, во Кина најчесто е фалсификуван телефонот на преклоп на Samsung, моделот W2018 (откриени се 4.688 фалсификати). На второто место се наоѓа iPhone 8 со 4.445 фалсификати, а на третата позиција е iPhone XS Max со 2.499 фалсификувани уреди.
Понатаму на листата се наоѓаат уреди како iPhone Х, Samsung W2019, Galaxy S8+, Xiaomi Mi Max, Mi 9, OPPO R11 Plus и OnePlus 7 Pro.
Извор: Bug.hr
Поврзани артикли