Во Кина објавена листа на најчесто фалсификуваните смартфони

Кинескиот бенчмарк Master Lu објави топ листа од најчесто фалсификуваните паметни телефони во текот на 2019. година.

Не изненадува податокот дека најчесто фалсификувани смартфони се оние на Samsung и Apple, со тоа што Samsung има удел од 28,7 отсто меѓу фалсификуваните модели, додека уделот на Apple изнесува 15,88 проценти.

Кога станува збор за конкретни модели на паметни телефони, во Кина најчесто е фалсификуван телефонот на преклоп на Samsung, моделот W2018 (откриени се 4.688 фалсификати). На второто место се наоѓа iPhone 8 со 4.445 фалсификати, а на третата позиција е iPhone XS Max со 2.499 фалсификувани уреди.

Понатаму на листата се наоѓаат уреди како iPhone Х, Samsung W2019, Galaxy S8+, Xiaomi Mi Max, Mi 9, OPPO R11 Plus и OnePlus 7 Pro.  

Извор: Bug.hr