Најстариот смартфон на Apple, кој моментно е достапен на пазарот е iPhone 8, а компанијата од Купертино планира овој модел да го искористи како база за претставување на претстојниот поевтин и покомпактен телефон.

Новите извештаи на снабдувачите, кои присуствуваа на CES 2020 саемот и разговараа со изворите од Јапонија сугерираат некои нови информации за iPhone 9 моделот. Според сознанијата, Apple сака iPhone 9 да го испорача во телото на iPhone 8, со најновиот A13 Bionic чипсет и Face ID поддршка. Компанијата планира да го отфрли Touch ID и Home копчето за да направи место за поголемиот дисплеј.

Имплементирањето на TrueDepth камерата и отфрлањето на сензорот за отпечаток од прст ќе овозможи дисплејот да биде зголемен од 4,7 инчи на 5,4 инчи. Камерата исто така ќе биде надградена, како и LED блицот.