Благодарение првенствено на големата прифатеност во Кина, 5G револуцијата забрзано се одигрува. Локалните истражувачки агенции откриваат дека пет милиони 5G телефони биле продадени во текот на декември, а трендот на раст на продажбата дополнително ќе се зголемува.

Аналитичарите веруваат дека повеќе од 20 проценти теелфони во ценовниот ранг под 300 долари ќе имаат поддршка за 5G брзини. До 2021. година, петтина од сите телефони на светот ќе ги поддржуваат мрежите од следната генерација.

Моментно, во Кина се достапни голем број 5G телефони, но многу меѓу нив се исклузивни за тој пазар. Смартфоните како што се Huawei Nova 6, Xiaomi Mi 9 Pro, Vivo NEX 3, Vivo iQOO Pro и Honor V30 имаат 5G верзии, кои од различни причини ретко можат да се најдат на некои други пазари надвор од Кина.

Секако, тука се и Oppo Reno 5G, ZTE Axon 10 Pro 5G, Galaxy S10 5G и OnePlus 7 Pro 5G, кои се достапни и во Европа и во другите земји.

Благодарение на компанијата Mediatek и објавата на достапниот 5G чипсет Dimensity 800, се очекува дека дури и телефоните од ценовниот ранг под 200 долари ќе добијат 5G поддршка до крајот на 2020. година.