Доверливиот аналитичар за екосистемот на Apple, Минг-Чи Куо објави извештај во кој предвидува дека компанијата од Купертино ќе претстави четири iPhone уреди со 5G поддршка, како и дека ќе продаде голем број овие уреди.
Претходно се појавија информации дека Apple најпрвин ќе ги објави sub-6GHz моделите и ќе ги одложи mmWave телефоните за 2021. година. Куо ги отфрлува овие наводи и истакнува дека двете верзии на смартфонот ќе бидат објавени истовремено, во текот на септември оваа година. Телефоните најпрвин ќе пристигнат на пет пазари: Јужна Кореја, Јапонија, Велика Британија, САД и Канада.
Некои провајдери ќе ги добијат само уредите кои поддржуваат sub-6GHz (овој стандарф е побавен од mmWave, но има подобра покриеност). Исто така, се чини дека поевтиниоте iPhone модели нема ни да имаат mmWave опција.
Земјите со мала 5G покриеност, или без неа, ќе ги добијат телефоните со оневозможена 5G поддршка, за да се намалат трошоците на производство. Тоа значи дека 5G ќе биде хардверски имплементиран и нема да биде можно да се вклучи преку софтверска имплементација.
Минг Чи-Куп предвидува дека Apple ќе продаде помеѓу 80 и 85 милиони iPhone модели со 5G конекција и ова е засновано на споменатата имплементација на мрежата од следната генерација, но и преработениот дизајн на уредите.